вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Изненаден состанок меѓу Ким и Мун на граница

Изненаден состанок меѓу Ким и Мун на граница

Лидерите на Северна Кореја, Ким Џонг Ун и Јужна Кореја, Мун Џае изненадно се сретнаа во пограничен град во демилитаризираната зона меѓу двете земји.

На вториот состанок меѓу лидерите во последните неколку месеци се разговарало за постигнатите мировни обврски и евентуалниот состанок меѓу Ким и американскиот претседател Доналд Трамп, пренесува Би-Би-Си.

Како што се наведува, состанокот е дел од напорите да се овозможи одржување на самитот каде што двајцата треба да се сретнат.

Претседателот на Јужна Кореја лично ќе ја извести јавноста за исходот на состанокот.

Американскиот претседател Доналд Трамп го откажа самитот со севернокорејскиот лидер кој беше планиран за 12. јуни во Сингапур, наведувајќи како причина стравот од гнев и отвореното непријателство.