недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Израелска рација во бегалскиот камп Џенин, убиени двајца Палестенци

Израелска рација во бегалскиот камп Џенин, убиени двајца Палестенци

Израелските безбедносни сили убиле двајца Палестинци за време на рација во бегалскиот камп Џенин, на окупираниот Западен Брег, соопшти палестинското Министерство за здравство.

Британските медиуми јавуваат дека до инцидентот дошло кога десетина израелски оклопни возила упаднале во кампот за време на насилни протести пред болницата.

Израелската армија потврди дека извршила операција во бегалскиот камп Џенин, но не даде повеќе детали за инцидентот.

Од почетокот на годината во акциите на израелската армија загинаа повеќе од 120 Палестинци, што е најцрниот биланс од 2015 година.

Израел тврди дека повеќето од убиените се милитанти, но локалните палестински власти истакнуваат дека меѓу загинатите во рациите има многу цивили.

За време на рациите, израелските безбедносни сили уапсија стотици луѓе, а многумина беа ставени во таканаречен административен притвор, што му дозволува на Израел да ги задржува без судење или обвинение. (МИА)