петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Израелската војска известила 203 семејства дека нивните најблиски веројатно се заложници на Хамас

Израелската војска известила 203 семејства дека нивните најблиски веројатно се заложници на Хамас

Портпаролот на Израелските одбранбени сили (ИДФ), Даниел Хагари соопшти дека војската досега ги известила семејствата на 203 заложници дека нивните најблиски се наоѓаат во Појасот Газа.

Тој вели дека бројката не е конечна, бидејќи ИДФ постојано истражува нови информации за Израелците кои се исчезнати од нападот на 7 октомври. Хагари посочи дека во некои од случаите семејствата биле известени дека војската со голема веројатност смета дека тие се заложници на Хамас. Но, во други случаи, тој вели дека војската има умерено до ниска увереност дека тие се заробеници.

Хагари вели дека ИДФ исто така отфрлила некои случаи и ги информирала семејствата дека нивните најблиски не се држат како заложници.