среда, 27. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Израелски офицер и двајца Палестинци загинаа во престрелка на Западниот Брег

Израелски офицер и двајца Палестинци загинаа во престрелка на Западниот Брег

Палестински вооружени напаѓачи отворија оган врз израелски војници на воен контролен пункт на Западниот Брег, при што е убиен еден офицер, соопшти израелската армија. Палестинските власти соопштија дека двајцата напаѓачи биле убиени во престрелката.

Тоа е најновиот смртоносен судир во последните месеци во северниот дел на окупираната територија, каде израелските војници спроведуваат полноќни акции. Најголем дел од вооружените судири, вклучително и синоќа, се случија во околината на градот Џенин, кој се смета за бастион на вооружените палестински организации.

Според соопштението на армијата, израелските војници забележале приближување на двајца вооружени лица до бариерата на контролниот пункт. Осомничените отвориле оган од автоматско оружје врз војниците, кои возвратиле.

Израелскиот офицер убиен во престрелката е 30-годишниот мајор Бар Фалах. Телата на убиените Палестинци – Ахмад Абед (23) и Абдал Рахман Абед (22), двајцата од село во близина на Џанин – се под контрола на израелската армија,објави палестинската новинска агенција ВАФА.

Радикалната палестинска група Хамас, која владее со Појасот Газа, ги прогласи двајцата напаѓачи за „маченици херои“.  (МИА)