петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Израелскиот министер за образование го критикува Нетанјаху

Израелскиот министер за образование го критикува Нетанјаху

Израелскиот министер за образование Нафтали Бенет изјави дека неговата партија ќе остане во Парламентот, со што е избегната можност за предвремени избори во земјата.

На прес-конференција Бенет, кој ја предводи десничарската партија Еврјески дом, денеска остро го критикуваше израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, но не поднесе оставка.

– Нешто лошо ни се случува одвнатре. Веќе неколку години вклучувајќи ја последната деценија на владите кои ги предводи Нетанјаху, државата Израел престана да победува, рече Бенет.

– Го видов тоа со свои очи во Втората либанска војна, како командант на воздушните сили во западен Либан. Видов збунетост, видов проблеми, недостиг на одлучност. Видов недостиг на дух. Постојат непријатели. Но непријателите не се она што ме загрижува, рече тој

Минатата недела Бенет и министерот за правда Ајалет Шакед се заканија дека ќе се повлечат од коалициската влада ако Бенет не биде назначен за министер за одбрана, откако Авигдор Либерман поднесе оставка поради примирјето со Појасот Газа.

Нетанјаху рече дека тој ќе го преземе Министерството за одбрана. Во телевизиско обраќање тој рече дека „кога е во прашање израелската безбедност нема место за политика и лични препукувања“.