Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска се самоизолира, откако беше утврдено дека негов парламентарен соработник е позитивен на коронавирусот.
Официјални извори соопштија дека според првичната истрага, малку е веројатно дека 70-годишниот премиер да е заразен.
Предвидено е Нетанјаху утре да биде тестиран за коронавирус.
Претходниот тест, направен на 15 март бил негативен.
Израелското Министерство за здравство генерално бара 14-дневна самоизолација и можно тестирање на коронавирус за секој кој бил во близина со заразено лице.
Израелските медиуми јавија дека парламентарниот помошник бил присутен на седницата на Парламентот минатата недела на која присуствувале Нетанјаху и опозициските пратеници на која се обидуваа да формираат коалициска Влада на национално единство за да се помогне во решавање на кризата со пандемијата на коронавирусот.