понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Израснал во САД, па почнал да сече глави: Новиот водач на Исламска држава е Албанец познат по своите ѕверства

Го напуштил САД во 2015 години, кога имал 25 години и само четири дена подоцна се најде во камп за тренирање џихадисти во Сирија. Шест месеци подоцна е снимен во тоа морничаво видео со курдските заробеници.
Израснал во САД, па почнал да сече глави: Новиот водач на Исламска држава е Албанец познат по своите ѕверства

Исламската држава остана без скоро целата територија во Сирија и Ирак, меѓутоа тоа не значи дека нема никаква опасност од оваа терористичка група.

Еден од новите лидери на ИСИС е Зулфи Хоџа, син на албански емигрант кој живеел во Америка.

Американските известувачки и правосудни служби сметаат дека тоа е правиот идентитет на Абу Хамза Ал Амрики, џихадист кој се повеќе се појавува на снимките за регрутирање на нови членови на оваа терористичка организација, кои се споделувани преку социјалните мрежи.

Тој се гледа во една од пропагандните снимки на ИСИС, на која обезглавува заробени курдски војници во Сирија.

Доколку се официјалните лица во право, тогаш Хоџа е првиот американски член на ИСИС кој тоа го направил. Се смета дека сега станал виш командант на ИСИС и дека е ден од главните регрути на џихадисти.

За неговиот живот во САД не се знае многу, освен дека е син на сопственик на пицерија.

Го напуштил САД во 2015 години, кога имал 25 години и само четири дена подоцна се најде во камп за тренирање џихадисти во Сирија. Шест месеци подоцна е снимен во тоа морничаво видео со курдските заробеници.

Во мај 2017 година новинската агенција на Исламската држава во ирачката провинција Нинива, објави 45 минутен видео запис каде се гледаат неколку странски борци од различни земји. Еден од маскираните мажи прикажани на ова видео се претстави како Абу Хамза Ал Амрики.

Говорејќи со американски нагласок, тој ја критикува борбата на САД против исламистите и ги поттикнува „верниците“ во Америка да напаѓаат немуслимани како и да можат, да ги газат со автомобили, убиваат со ножеви…

Во текот на двегодишната истрага за Американците кои отишле во Сирија и Ирак како би се придружиле на оваа група, сојузните записи откриле Абу Хамза Ал Амрики е всушност Зулфи Хоџа. До моментот на објавување видео снимката, Министерството за правосудство на САД веќе било зафатено со процесуирање на неколку поддржувачи  на ИСИС во Америка кои наводно му помогнале на Хоџа во неговото патување да се придружи на групата.

Едно од овие лица е Дејвид „Дауд“ Рајт, осуден во декември 2017 година на 28 години во сојузниот затвор, откако беше обвинет за давање материјално поддршка на Исламската држава и завера за убиство на државјанин на САД.

На тоа судење испливаа доста детали за Хоџа, неговите врски со Рајт и неговите соучесници, како и неговата се поголема улога во ИСИС. Тој е важен дел од мрежата на регрути кои им организираат и помагаат на другите да дојдат во Сирија и Ирак.

Станало јасно дека мала група Американци напредувале до повисоките позиции во терористичката организација, иако и понатаму е ретко за западните членови да биде нешто повеќе од обични војници или во некои случаи пропагандисти.

Меѓутоа, во случајот на Хоџа, наизглед неискусен и млад Американец со албанско потекло успеал да се крене високо во хиерархијата. Не е јасно кога тоа го постигнал, но се смета дека ги импресионирал своите команданти со волјата да учествува во нивните брутални активности.

Високо рангираните и способни американски членови на ИСИС претставуваат единствена закана. Тие можат да ги искористат своите врски и да влијаат како би помагале во регрутирање, како и планирањето напади во своите матични земји. За среќа, досега многу млади Американци се вратиле дома од борбите во Ирак и Сирија. Повеќето од оние кои се вратиле изразиле очигледно разочарување од Исламската држава, а многу се под истрага. Но американските команданти во Исламската држава и понатаму може да направат голема штета.