петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Извештај на Гугл: Руски хакери нападнале мрежи на НАТО и на источноевропски воени сили

Извештај на Гугл: Руски хакери нападнале мрежи на НАТО и на источноевропски воени сили

Руски хакери неодамна се обиделе да ги пробијат безбедносните мрежи на НАТО и вооружените сили на одредени источноевропски земји, објави денеска Аналитичката група на Гугл што анализира закани.

Во извештајот не се наведува кои биле целите на нападот, кој се опишува како обид за кражба на лозинки, податоци од мејлови или други комуникациски канали, но се наведува дека нападот го извршила руската група „Колдрајвер“ или „Калисто“.

„Ваквите напади беа извршени со помош на нови сметки на gmail и отидоа на сметки кои не се на Гугл, па не се знае колку биле успешни“, се вели во извештајот на тимот на Гугл.  (МИА)