недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Извршена првата смртна казна од 2012: Ја у*бил сопругата, поќерката ја зло*тавувал

Извршена првата смртна казна од 2012: Ја у*бил сопругата, поќерката ја зло*тавувал

Дејвид Кокс во 2010 година беше осуден на смрт откако по осумчасовна полициска блокада ја убил сопругата, а претходно пред неа ја сексуално ја нападнал поќерката.

Тој е првиот осуденик на смрт кој е погубен во американската сојузна држана Мисисипи во последните девет години, а деветти затвореник над кој е извршена смртна казна во САД во 2021 година.

Медиумите пренесуваат дека е усмртен со инјекција во затворот во Парчман.

На судењето кое завршило во 2021 година тој признал вина по сите осум точки од обвинението, а во 2018 година ги отпушти своите адвокати одрекувајќи се од жалбата за казната. Додал и дека смртната казна ја заслужил.

Трагичниот настан се случил на 14 мај 2010 година, кога Кокс купил пиштол и тргнал по својата избегана сопруга Кум и нивните две деца. Упаднал во куќата каде таа живеела со децата и осум часа ги држел како заложници. За време на полициската блокада сопругата ја ранил во стомакот и раката и додека со часови умирала крварејќи, бидејќи претходно одбил да и биде пружена помош, пред очите три пати сексуално ја нападнал поќерката.

По осум часа неуспешни преговори полицијата влегла во куќата и го уапсила.