четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Јанша: Ако гласачите ја почувствуваат нашата обединетост, на наредните Европски избори ЕПП ќе оствари значителна победа

Јанша: Ако гласачите ја почувствуваат нашата обединетост, на наредните Европски избори ЕПП ќе оствари значителна победа

Претседателот на Словенечката демократска партија, Јанез Јанша, вчера одржа маркантен говор на самитот на Европската народна партија во Хелсинки, за индината на Европската цивилизација.

Порталот Лидер неговиот говор ви го пренесува во целост:

Безбедност, можност, иднина

Европа не е само географски термин. Европа значи цивилизација. Taa е создадена низ мелениумите од познатата историја, оформена од лоши и добри времиња, цветајќи, умирајќи под удар на окупаторите и тоталитарните концепти, произлегувајќи повторно од пепелта на паднатите империи и идеологии.

Европските нации развија нивни сопствени култури и национални идентитети. За време на последниот милениум, сепак, ова се случи во рамка за заедничка цивилизација. Врз основа на Десетте заповеди и просветлувањето произлегоа фундаменталните вредности како јадро на оваа цивилизација. Слободата, правдата, човечкото достоинство, владеењето на правото се едни од најважните.

Тие вредности, сепак, не беа доволни да се превенираат ужасните судири помеѓу Европските нации, ниту пак беа доволни да ги спречат античовечките идеологии на националниот и интернационалниот социјализам кој, со години, дури и декади, пороби многу Европски нации.

За да не се повтори тажната и понекогаш суровата историја, основачите, кои сите беа Христијански Демократи, ја креираа Европската Унија. Унија на вредности. Оттогаш, се повеќе и повеќе Европјани уживаат во мир и високи стандарди на живеење. Оваа успешна приказна создаде силна алатка на меката моќ, што му помогна на воената моќ на слободниот свет да ја уништи црвената злобна империја и да го направи европското обединување возможно.

Иако нема и никогаш нема да има единствена европска национална култура, Европската цивилизација постои со векови.

Историјата не учи дека секоја цивилизација е перманентно предизвикувана од внатре и од надвор и тие моменти доаѓаат кога нејзината основа е загрозена и мора да се брани. Моментално, сега, ние живееме во таков момент.

Внатрешно, нашата цивилизација е предизвикувана од разни форми на културен Марксизам, кој сака да го расколи семејството, националниот и Европскиот идентитет, приватната сопственост, приватното образовалие и религијата. Поддржан од оние кои ја гледаат иднината на светот како една мултинационална компанија. Заедно се залагаат дека ние треба да ја напуштиме куќата изградена од каменот на нашите заеднички вредности и да изградиме нова на песок. Веројатно во пустина, каде што историјата завршува.

Надворешно, се соочуваме со огромен и растечки демографски притисок врз Европа која старее. Користејќи ја, исто така, како политичко оружје од страна на радикалниот Ислам.

Комбинацијата од двете закани претставува сериозна опасност за Европската цивилизација, од паѓањето на Советскиот Сојуз.

Бранењето на основните темели на Европската цивилизација е најважната задача за ЕПП, политичка сила која ја основа унијата. Ако ЕПП не ги одбрани, некои други ќе го сторат тоа. И најверојатно, нема да успеат, бидејќи освен ЕПП, моментално никој не е толку силен да ја води одбраната на нашата цивилизација, нашиот начин на живот.

Исто така има глобални и, всушност, регионални предизвици, кои се преголеми дури и за големите Европски нации. Ова е другата причина за постоење на ЕУ. Јасно е дека Европските нации треба да ја исполнат посветеноста за да ги зголемиме нашите обврски во НАТО и дека ЕУ мора да организира ефективен заеднички Европски цврст центар – вклучувајќи ги и земјите кои не се членки на НАТО – за да ги брани надворешните граници и да помогне да се стабилизира нашето соседство. Никоја помош за развој и никој хуманитарен проект нема да успеат се додека, прво, ние не ги заштитиме оние на кои сакаме да им помогнеме.

Ние сме големо семејство на повеќе од педесет партии и ние правиме компромис за повеќе прашања. Но бранењето на основните темели на нашата цивилизација е итно и чесна цел за која мора да бидеме обединети. Како народна партија, нашата должност е да се бориме за Европа – цела, силна и слободна. И да им обезбедиме на Европјаните безбедност, можност и предвидлива иднина. Ако гласачите низ континентот ја видат и почувствуваат нашата обединетост, тогаш на наредните Европски избори ЕПП ќе оствари значителна победа – истакна Јанша, по што следеа овации.