Јапонскиот снимател Тору Кубота, кој минатата недела беше уапсен во Мјанмар, денеска е обвинет за поттикнување бунт против војската и за кршење на законите за имиграција, соопшти денеска воената хунта во земјата, пренесе Бета.
Кубота беше уапсен минатата сабота додека известуваше од протестот против војниците во Јангон.
Според обвинението, тој може да добие и до пет години затвор.
Војската на Мјанмар ја презеде власта во февруари минатата година со соборување на избраната влада на Аунг Сан Су Чи и спроведе жестоки мерки против оние кои и се спротивставуваат.
Повеќето од повеќе од 50 новинари приведени во Мјанмар се соочуваат со обвиненија за поттикнување страв, ширење лажни вести или агитирање против владини претставници.