Екстремисти на Ал Каеда денеска убија околу 20 припадници на јеменските безбедносни сили во напад во јужната провинција Абјан, изјави портпаролот на силите на Јужниот преоден совет, Мохамед ал-Накиб.
Како што тој додаде, потоа убиени се сите осум напаѓачи. Милитантите од заседа употребиле ракетни фрлачи, лесно и оружје од средна класа и воени возила на контролен пункт во округот Ахвар.
Главната јеменска сепаратистичка група, Јужниот преоден совет, што ја поддржуваат Обединетите Арапски Емирати, минатиот месец го прошири своето присуство низ Абјан во борба против терористички организации, особено Ал Каеда.
Ал Каеда на Арапскиот полуостров со седиште во Јемен, го искористи конфликтот меѓу коалицијата предводена од Саудиска Арабија и Хутите, ориентирани кон Иран, за да го зајакне своето влијание во земјата. (МИА)