вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Јилдирим: Тензиите ќе запрат кога Атина ќе престане да мисли дека цело Егејско Море е нејзино

Јилдирим: Тензиите ќе запрат кога Атина ќе престане да мисли дека цело Егејско Море е нејзино

Турскиот премиер Бинали Јилдирим во интервју за неделното издание на грчкиот весник „Вима” изјави дека тензиите меѓу Турција и Грација може да бидат избегнати, ако Атина престане да верува дека Егејското Море е целосно грчко.

– Главниот извор на тензии меѓу Турција и Грција е грчкото сфаќање дека Егејското Море е целосно грчко море, притоа игнорирајќи ги законските права на Турција и нејзините легитимни интереси како крајбрежна земја, посочи турскиот премиер.

Според него, избегнувањето тензии во Егејот не може да се постигне само со напори од страна на Турција.

– Секоја од двете држави знае за чувствителноста на другата. Ние треба да сфатиме дека мирот е во интерес и на двете страни, додаде Јилдирим.

(Миа)