Американската авиокомпанија „Јунајтед Ерлајнс“ (United Airlines) денеска соопшти дека нарачува 100 авион и „Боинг 787 Дримлајнери„ (Boeing 787 Dreamlines) и 100 „Боинг 737 МАХД“ (737 MAXD).
Каталошката цена на нарачката на американската авиокомпанија изнесува околу 43 милијарди долари и е голем поттик за американскиот производител на авиони, што годинава се соочи со политички и производствени проблеми поврзани со два свои авиони.
Големата нарачка на „Јунајтед Ерлајнс“ го одразува оптимизмот за зголемената побарувачка за меѓународни патувања на долги релации и нејзината желба да ги замени постарите авиони.
„Боинг“ соопшшти дека е ова најголемата нарачка на авиони „Дримлајнер“ до сега, а „Јунајтед“ соопшти дека тоа е најголемата нарачка на широкотрупни авиони од некој американски авиопревозник.
„Јунајтед“, исто така, соопшти дека што е можно поскоро ќе ја одложи својата претходно објавена нарачка на 45 авиони „Ербас А350“ до 2030 година.
Извршниот директор на „Јунајтед“, Скот Кирби, кажа дека еден од клучните фактори во одлуката за избор меѓу „Боинг“ и „Ербас“ за нивната широкотрупна нарачка е нивната актуелна флота на „Боинг 787“.
-Кога се обидуваме да вработиме 2.500 пилоти годишно и да ја прошириме авионската компанија, внесувањето нов тип на авиони во флотата тоа драматично го забавува, рече Кирби.