среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Јужна Кореја планира евакуација на 40.000 млади извидници поради тајфунот Канун

Јужна Кореја планира евакуација на 40.000 млади извидници поради тајфунот Канун

Јужна Кореја планира да евакуира десетици илјади млади извидници од брегот поради приближувањето на тропската бура Канун, соопштија денеска претставници на извидниците.

Светската организација на извидничкото движење соопшти дека добила потврда од Владата на Јужна Кореја дека извидниците, претежно тинејџери, предвреме ќе ја напуштат областа Буан.

Владата подготвува план за брза евакуација на 40.000 извидници, кои доаѓаат од 158 земји пред да пристигне невремето.

Метеоролошката агенција на Јужна Кореја соопшти дека Канун утринава околу девет часот пристигнал на околу 330 километри североисточно од јапонскиот остров Окинава.

Се предвидува дека тајфунот на 10 август ќе ја погоди Јужна Кореја, а ветерот ќе биде со брзина од 118 до 154 километри на час. Големи делови од југот на земјата, вклучувајќи го и Буан, би можеле да бидат зафатени од невремето уште в среда.