Австралиска држава Јужна Австралија денеска воведе локдаун во обидот да го спречи ширењето на делта сојот на коронавирусот и и на тој начин со повеќенеделните ограничувачки мерки им се придружи на државите Викторија и Нов Јужен Велс.
Најнаселената австралиска држава Нов Јужен Велс се бори со најтешкиот бран на Ковид-19 годинава, бидејќи бројот на заразени надмина 1.400, откако првиот случај беше регистриран пред повеќе од еден месец. Британските меидуми прецизираа дека станувало збор за возач на лимузина кој превезувал екипаж на авион.Во ова држава се наоѓа и најголемиот град во Австралија,Сиднеј, каде е воведен петдневен локдаун.
Властите во Нов Јужен Велс денеска соопштија дека е забележан мал пад на инфекциите – регистрирани се нови 78 случаи, наспроти 98 ден порано во Сиднеј и околните области.
-Гледаме повеќе хоспитализации, повеќе приеми на интензивна нега, повеќе луѓе на апарати за дишење, треба да го спречиме ширењето на Ковид-19, изјави шефот на здравствената состојба во оваа австралиска држава, Кери Шант
Во болниците во моментов има 95 пациенти, а од нив 27 се на интензивна нега, а 11 на респиратор. Во овој последен бран од заразата се регистрирани и пет смртни случаи.
Од почетокот на пандемијата, Австралија, со помош на строгите мерки, забележа нешто повеќе од 32.000 случаи, а 915 пациенти завршија со смртен исход.