понеделник, 18. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Како од апокалиптичен филм: Песочна бура го проголта целиот град за неколку секунди (ВИДЕО)

Како од апокалиптичен филм: Песочна бура го проголта целиот град за неколку секунди (ВИДЕО)

Глетката од песочната бура во Иран, постсетува на сцените од холивудските апокалиптични филмови, така што многумина кои се најдоа таму, прво ги земаа мобилните телефони, а дури потоа побараа засолниште.

Џиновскиот песочен облак кој ги „спои“ небото и земјата, го прекри целиот хоризонт и за само неколку секудни од периферијата стигна до центарот на градот.

Видливоста, судејќи по направените снимки, се смалила толку што изгледало како густа црвена магла да паднала врз Јазд.

Иранскиот град Јазд се смета за еден од најстарите градови, а е сместен на местото на допирање на двете ирански пустини.