Руската Република Јакутија е богата со огромни шуми и реки, минерално богатство, но и вековна традиција на локалното население.
Сепак, она по што Јакутија е дефинитивно најпозната е главниот град Јакутск, во зима официјално најстуден град, ако не најстуден тогаш дефинитивно еден од најстудените градови во светот,
Јакутск се наоѓа во близина на најстуденото населено место на Земјата – Ојмјакон. Јакутск има најниски зимски температури од кој било град со повеќе од 100.000 жители, со просечна месечна температура во јануари од -38,6 степени Целзиусови.
Република Јакутија, која домородците од Сахалари ја нарекуваат Саха, е територијално најголемиот руски федерален субјект и е поголема од Аргентина. Ова место сигурно не е за оние кои не ја сакаат зимата, особено ако земеме предвид дека температурата во зима паѓа под -50 степени Целзиусови, но се чини дека на жителите на Јакутија не им пречи толку многу, пренесува РТС.
Сепак, тоа не значи дека Јакутија не може да биде топло и пријатно место за посета, особено од мај до август кога просечната температура е околу 20 степени.
Меѓутоа, ако сакате да го посетите овој дел од светот, најдобро време да уживате во неверојатно убавите предели на Јакутија со околу 700.000 реки и потоци и зимзелена тајга, не тргајте пред мај.