вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Како сопругата на Ким Џонг-Ун од „другарка“ стана „прва дама“?

Како сопругата на Ким Џонг-Ун од „другарка“ стана „прва дама“?

Ри Сол Џу, сопругата севернокорејскиот лидер Ким Џонг-Ун во април 2018-та година доби титула „прва дама“ наместо вообичаената „другарка“ од страна на државните медиуми, што аналитичарите го гледаа како сигнал на еволуција во структурата на власта во таа држава.

Питер Ворд, познавач на состојбите во Северна Кореја напиша на својот Твитер профил дека таа промена значи оти Ри добива свој персонален култ на личноста.

Според директорот на коресјкиот Економски институт, Трој Стенгрон, во Северна Кореја ништо не е случајно и се се случува со причина.

-Промената на статусот на Ри помага во засилување на семејството Ким во Северна Кореја, но и меѓународната перцепција на режимот, рече Стенгрон.

Сопругите на двајцата претходни лицери на Северна Кореја немаа статус на „прва дама“, каков што имаат сопругите на лидероте во светот.

Последен пат статус „прва дама“ е употребен во текот на 70-те за сопругата на Ким Ил Сунг.