Владата на канадскиот премиер Џастин Трудо одлучи да го забрани пристапот на кинеската меѓународна корпорација „Хуавеј технолоџис“ – најголемиот светски производител на комуникациска опрема, до следната генерација мобилни мрежи во Канада.
Развојот на 5-Г мрежата, тн. мрежи од „петтото поколение“, ќе им овозможи на корисниците побрзи интернет-врски. Тоа ќе обезбеди огромен капацитет за податоци како одговор на сѐ поголемата побарувачка на тоа поле, бидејќи сѐ повеќе работи се поврзани на интернет и се појавуваат иновации како виртуелната реалност, сѐ пософистицирани видеоигри и самоуправувачки возила.
Одлуката ја потврди и портпарол на министерот за јавна безбедност на Канада.