сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Канада ја продолжи забраната за влез на странски патници

Канада ја продолжи забраната за влез на странски патници

Канада ја продолжи забраната за влез во земјата на повеќето странски патници, во обид да се ограничи внесувањето и ширењето на коронавирусот, напиша на Твитер министерот за јавна безбедност Бил Блер.

Мерката, која е продолжена до 30 септември, се однесува на странските патници кои се обидуваат да влезат во Канада од странство, освен од САД.

Канада има посебен договор за граничен премин со Соединетите Американски Држави, кој е на сила до 21 септември.