Канадското Кралско военовоздухопловство утре ја почнува својата мисија на воздушна полиција во Романија, соопшти Министерството за одбрана на Канада.
Канадскиот контингент, составен од околу 180 воен персонал (пилоти и технички персонал) и шест авиони ЦФ-188 Хорнет, ќе изврши засилени воздушни полициски мисии под команда на НАТО во текот на следните четири месеци, заедно со романските военовоздухопловни сили.
Тоа е шеста ротација во воената база Михаил Коглуничану на канадските Кралски ВВС по мисиите во 2017, 2018, 2019, 2020 и 2021 година.
Канадската војска има мисија и во романската база Кампија Турзиј од 2014 година.
Заедничките мисии за безбедност на воздушниот простор придонесуваат за развој на способностите за одговор и одвраќање, како и за зајакнување на интероперабилноста меѓу романските и канадските воздушни сили. (МИА)