петок, 9. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Канадските Кралски ВВС во мисија за заштита на воздушниот простор на Романија

Канадските Кралски ВВС во мисија за заштита на воздушниот простор на Романија

Канадското Кралско военовоздухопловство утре ја почнува својата мисија на воздушна полиција во Романија, соопшти Министерството за одбрана на Канада.

Канадскиот контингент, составен од околу 180 воен персонал (пилоти и технички персонал) и шест авиони ЦФ-188 Хорнет, ќе изврши засилени воздушни полициски мисии под команда на НАТО во текот на следните четири месеци, заедно со романските военовоздухопловни сили. Тоа е шеста ротација во воената база Михаил Коглуничану на канадските Кралски ВВС по мисиите во 2017, 2018, 2019, 2020 и 2021 година. Канадската војска има мисија и во романската база Кампија Турзиј од 2014 година. Заедничките мисии за безбедност на воздушниот простор придонесуваат за развој на способностите за одговор и одвраќање, како и за зајакнување на интероперабилноста меѓу романските и канадските воздушни сили.