Австралиската престолнина Канбера влезе во еднонеделен општ карантин на ниво на градот, откако во него беше откриен случај на инфекција со Ковид-19, првпат во текот на последната година.
Карантинот стапува на сила денеска во 17 часот по локално време, пренесе Би -Би -Си.
Побарано е затворање на целата територија на австралиската престолнина, каде живеат околу 400.000 луѓе, бидејќи властите не знаат како лицето се заразило.
Жителите ќе можат да ги напуштат своите домови само заради неопходни причини, па од затоа веќе сега има турканици во продавниците, пред мерката да стапи на сила.
Австралија се обидува да го спречи ширењето на делта сојот на вирусот, па затоа веќе се воведени карантини во двата најголеми града, Мелбурн и Сиднеј.
Владата на Нов Јужен Велс соопшти дека армијата ќе излезе на терен за да го обезбеди почитувањето на локдаунот.