понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Карибите со закана од ураган и тропски бури

Карибите со закана од ураган и тропски бури

На голем дел од источниот карипски остров Барбадос е прогласена вонредна состојба поради приближувањето на тропската бура Доријан кон регионот, заканувајќи се дека ќе се претвори во мал ураган, за кој прогнозерите велат дека во наредните денови може да стигне до Порторико.

Премиерката Миа Мотли ги затвори училиштата и владините канцеларии низ Барбадос, предупредувајќи ги луѓето да останат на затворено.

Американскиот национален центар за урагани издаде предупредување за ураган во Сент Луција и предупреди на можноста од тропски бури во Барбадос, Мартиник, Сент Луција и Сент Винсент.

МИА