среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Кастрирал мажи по нивно барање: Германец осуден на 8,5 години затвор

Кастрирал мажи по нивно барање: Германец осуден на 8,5 години затвор

Германски суд осуди 67-годишен електричар на 8,5 години затвор бидејќи кастрирал неколку мажи по нивно барање, јави ДПА.

Суд во Минхен осуди едно лице за тежок и опасен напад, кое првично било обвинето за убиство од небрежност, поради смртта на еден од кастрираните мажи како последица на таа операција.

Обвинетиот пред судот признал дека нудел кастрации на садо-мазохистички сајтови, наведувајќи дека неколку мажи му платиле да ги измачува и да им ги отстрани тестисите.

Операциите ги извршил на неговата кујнска маса во местото Маркт Швабен, а на жртвите им кажал дека е обучен медицински експерт.

Тој изјави дека од јули 2018 до март 2020 година кастрирал или делумно ги ампутирал гениталиите на осум мажи, но негираше одговорност за смртта на еден од нив, кој почина неколку дена по операцијата. (МИА)