петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Каталонија гласа за избор на нов претседател

Каталонија гласа за избор на нов претседател

Претседателот на каталонскиот Парламент Рожер Торент соопшти синоќа дека денеска ќе биде одржано гласање за избор на нов претседател на таа шпанска покраина. Најголема поддршка има Жорди Турул, поранешен лидер на каталонското претседателство.

Турул е трет кандидат предложен за таа функција по неуспешните обиди да се избере повторно сменетиот лидер Карлес Пуџдемон кој сега е во егзил.

Турул е предложен како нов кандиат за претседател на таа шпанска покраина откако сепаратистичкиот кандидат Жорди Санчез се откажа од кандидатура.

Сепаратистичките партии претходно го предложија Санчез, кој е во затвор, за нов претседател, но шпанскиот Врховен суд му забрани да присуствува на гласањето и неговиот избор го направи речиси невозможен.

МИА