Каталонија на никаков начин не се откажува од идејата да дојде до независност, изјави денеска претседателот на каталонската регионална Влада, Ким Тора по средбата со шпанскиот премиер Педро Санчез во Мадрид.
Шпанската Влада по средба повтори дека е против идејата за одржување референдум за самоопределување на Каталонија.
– Нема што многу да се зборува за таа тема, бидејќи правото на самоопределување на постои во Уставот на Шпанија, изјави по средбата шпанската вицепрермиерка Кармен Калво.
Таа нагласи дека Тора на средбата го покренал прашањето за самоопределување, додавајќи дека наместо тоа, треба да се разговара за автономија.
Калво нагласи дека средбата била ефективна од работна гледна точка и минала во пријателска и опуштена атмосфера, при што Санчез и Тора се договориле одново да почне со работа комисијата составена од претставници на Владата на Шпанија и каталонската регионална Влада, која не заседавала во последните неколку години.
– Тора го покани Санчез на средба во Барселона, информира Калво додавајќи дека „каталонската криза“ не може да се реши без вложување напори од двете страни.
Денешната средба во седиштето на шпанската Влада во Мадрид беа први официјални разговори меѓу централните и каталонските власти по ланскиот реферемдум за независност на Каталонија, кој Уставниот суд на Шпанија го прогласи за неуставен и незаконски.
Во пресрет на средбата, Тора предложи организирање на легален реферемдум за независност на Каталонија, како единствен начин за излез на политичкот ќорсокак.
– Се додека не бидеме во можност да гласаме на реферндум, кој ќе биде легален и обврзувачки и кој го признаваат двете страни како валиден, можно е никогаш да не најдеме решение, оцени Тора.
По референдумот за независност на Каталонија одржан лани во октомври, тогашната шпанска Влада на Маријано Рахој воведе директна управа над Каталонија и ги распушти регионалните органи на власта – Владата и Парламентот, во кој доминираа сепаратистичките партии.
На предвремените избори во декември, сепаратиситчките партии одново освоија мнозинство во каталонскиот Парламент, со што земјата западна во ќорсокак.
МИА