Каталонската европратеничка Клара Понсати (66), која беше уапсена вчера во Барселона под обвинение за учество во организирање на нелегалниот референдум за независност на Каталонија во 2017 година, е пуштена на условна слобода.
Понсати, поранешен член на каталонската влада задолжен за образование, во вторникот по петгодишно отсуство се врати во Шпанија, влегувајќи со автомобил од соседна Франција.
Понсати, поранешна членка на каталонската влада задолжена за образование, вчера по петгодишно отсуство се врати во Шпанија, влегувајќи со автомобил од соседна Франција.
Каталонската полиција ја приведе во центарот на Барселона врз основа на налог за апсење издаден од Врховниот суд во Мадрид.
Таа претходно одржа прес-конференција на која соопшти дека се вратила за да „укаже на систематското кршење на правата на Каталонците“.
Понсати, професорка по економија, ја напушти Каталонија по референдумот за независност во 2017 година кој беше забранет од шпанскиот Уставен суд.
Потоа предаваше на универзитет во Шкотска, а од 2020 година е пратеничка во Европскиот парламент.
Истражен судија во Барселона синоќа ја пушти на условна слобода, неколку часа откако беше уапсена, и нареди да се појави во Врховниот суд во Мадрид на 24 април, каде беше обвинета за непослушност.
Како поранешна членка на каталонската Ввлада, таа е обвинета дека не ја послушала одлуката на Уставниот суд, кој забрани одржување референдум во Каталонија, автономна покраина со 7,5 милиони жители во североисточна Шпанија.