Компанијата „Катар Енерџи“ (QatarEnergy) работи на зголемување на производството на гас во услови на зголемена глобална побарувачка, но оваа зима нема да го пренасочи течниот природен гас (LNG) договорен за азиските клиенти кон Европа, предупреди денеска извршниот директор на оваа компанија Саад ал-Каби.
Катар е меѓу водечките светски извозници на течен гас, а неколку европски земји се обидуваат да добијат повеќе гас преку преговори со цел да обезбедат замена за увозот од Русија и да ја елиминираат кризата со снабдување.
-Договорите се апсолутно свети за Катар… Затоа, кога потпишуваме договор со азиски или европски клиент, го почитуваме, изјави извршниот директор на „КатарЕнерџи“, Саад ал-Каби, кој е и министер за енергија на Катар.
„Во Европа ќе биде испорачано договореното количество гас “, нагласи Ал Каби. „Меѓутоа плинот нема да се зема од азиските клиенти и да се испраќа во Европа“, додаде тој.
Катар сака да ја зацврсти својата позиција како главен снабдувач на течен гас во Европа, а потребите се големи бидејќи рускиот гасовод учествува со речиси 40 отсто од увозот на Стариот континент.
Катарскиот план „Северно поле“ вклучува зголемување на капацитетот за втечнување гас до 2027 година од 77 милиони тони на 126 милиони тони годишно.(МИА)