четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Казахстан ја укина смртната казна

Казахстан ја укина смртната казна

Претседателот на Казахстан Касим Токајев вчера го потпиша законот со кој се укинува смртната казна во оваа земја, соопшти неговиот кабинет.

Казахстан во 2020 година се приклучи кон Меѓународниот договор за граѓански и политички права на ОН.

Една од последните смртни казни е изречена во 2016 на терористот Руслан Кулекбајев кој увил осум полицајци и двајца цивили.

По новиот закон наместо смртна казна ќе се применува доживотен затвор.