сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Казахстан размислува за национализација на енергетските компании по откажувањето на греењето на минус 30 степени

Казахстан размислува за национализација на енергетските компании по откажувањето на греењето на минус 30 степени

Претседателот на Казахстан, Касим-Жомарт Токаев му наложи на премиерот Алихан Смаилов да го разгледа прашањето за национализација на проблематичниот енергетски имот.

Одлуката уследи откако илјадници жители на Екибастуз, северен Казахстан останаа без греење на минус 30 степени Целзиусови, по несреќата во електраната.

Токаев наведе дека лошото менаџирање на тие енергетските компании „е причина за несреќи и дефекти во снабдувањето со електрична енергија“.

За време на владеењето на Нурсултан Назарбаев, кој беше на власт три децении, енергетскиот сектор во Казахстан беше либерализиран и премина во рацете на олигарсите.