Наоружани мажи го киднапираат најмладиот милијардер во Африка, 43 годишниот Мухамед Девји, од луксузен хотел во престолнина на Танзанија.
Двајца мажи му го пресекле патот додека излегувал од хотелската теретана, после утринското вежбање.
Се верува дека влезот веќе бил отворен и дека во прашање се странски државјани. Во хотелот почнале да пукаат и го зграбиле милијардерот.
-Дојдоа со автомобил во хотелот и пукаа во воздух пред да го однесат. Ги испитуваме вработените кои тогаш работеле, кажал полицаецот Лазаро Мамбосасо.
Девји е сопственик на МЕТЛ групацијата, корпорација која се простира во шест африкански држави, а која ја основал неговиот татко во седумдесеттите години. Девји почнал со производство на пијалакот Мо Кола, кој е конкуренција на Кока Кола.
Пред да го продолжи семејниот бизнис, два пати бил пратеник во парламентот на Танзанија.