– Руските сили почнаа да ја напуштаат нуклеарната централа Запорожје, соопшти украинското Министерство за одбрана.
Русија ја окупираше централата во март минатата година, а Украина неодамна тврдеше дека руските сили планираат да извршат терористички напад врз нуклеарката и соодветно на тоа одржаа вежби за подготовка за нуклеарна катастрофа.
Според најновите податоци, окупацискиот контингент постепено ја напушта територијата на нуклеарната централа. Тројца вработени во Росатом беа меѓу првите кои ја напуштија централата, соопшти Министерството за одбрана на Телеграм.
Во соопштението се посочува и дека на украинските вработени кои го потпишаа договорот со Росатом им беше препорачано ја напуштат електраната до 5 јули.