сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Киев: Вкупно 720.000 тони житарици на 33 бродови ги напуштија украинските пристаништа

Киев: Вкупно 720.000 тони житарици на 33 бродови ги напуштија украинските пристаништа

Министерството за земјоделство на Украина соопшти дека вкупно 33 товарни бродови со повеќе од 720.000 тони прехранбени производи ја напуштиле земјата согласно договорот меѓу Киев и Москва, кој со посредство на ОН и Турција ги деблокира украинските поморски пристаништа.

Според Заедничкиот координативен центар во Истанбул, кој го следи спроведувањето на договорот, од постигнувањето на договорот од три украински пристаништа на Црното Море се извезени вкупно 721.449 тони житарици и прехранбени производи.