Кандидатот за претседател на турската опозиција Кемал Киличдароглу бара од поддржувачите да се подготват за долга ноќ, а луѓето кои работат на изборите да останат на своите позиции.
– Вечерва нема да спиеме луѓе мои, напиша тој на Твитер, повикувајќи ги задолжените за гласачките кутии да останат на своите места.
Тој ја предупреди изборната комисија дека „мора да обезбеди внесување податоци од провинциите“.