Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун го надгледуваше успешното пробно тестирање на новото тактичко оружје, важно за подобрување на ефикасноста на тактичките нуклеарни операции, објавија севернокорејските државни медиуми.
„Новиот систем на оружје е „од големо значење за драстично подобрување на огнената моќ на артилериските единици со долг дострел на линијата на фронтот и зголемување на ефикасноста на тактичкото нуклеарно оружје на Северна Кореја и диверзификација на нивните мисии за огнена моќ“, соопшти официјалната Корејска ентрална нова агенција (КЦНА), пренесе Јонхап.
Севернокорејските медиуми објавија дека тестирањето е успешно извршено.
За време на инспекцијата, Ким дал важни упатства за „натамошно градење на одбранбените способности и нуклеарните борбени сили на земјата“.
КЦНА не соопшти други детали за тестираното оружје. (МИА)