Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун свика средба на високо ниво на владејачката Корејска работничка партија, на кој ќе се разговара за стратешкото планирање во наредните месеци.
Состанокот на Централниот комитет на партијата започна вчера во Пјонгјанг, во момент кога земјата се соочува со големи економски предизвици поради меѓународните санкции, природните катастрофи и прекините на снабдување поради пандемијата на Ковид-19.
Детали за тоа што ќе се разговара на форумот на високо ниво не се соопштени, ниту пак колку дена ќе трае. Централниот комитет е водечкото тело на партијата, предводено од Ким Џонг-ун.
За време на неговите состаноци, Ким често издава нови безбедносни директиви или ја појаснува својата позиција околу односите на Пјонгјанг со САД и Јужна Кореја. (МИА)