Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун нагласил на средбата со американскиот претседател Доналд Трамп во Сингапур дека може да учествува на средба со јапонскиот премиер Шинѕо Абе, јавија јапонски медиуми повикувајќи се на владини извори.
Според нив, Ким рекол дека постои можност за средба со премиерот Абе и тој е подготвен за тоа.
Јапонскиот премиер претходно изјави дека е подготвен за директни разговори со Ким за решавање на проблемот со киднапираните јапонски граѓани од севернокорејското разузнавање.
МИА