Научници од Институтот за АИДС при Универзитетот во Хонгконг објавија дека можеби пронашле „функционален лек“ за ХИВ, вирус кој предизвикува сида. Станува збор за ново антитело кое би можело да се користи и за превенција и за лечење на таа опасна болест.
Истражувањето кое го водел професорот Чен Зиве, спроведено е во момент кога Кина е соочена со ширење на епидемија на сида.
Скоро 850.000 луѓе во Кина се заразени со ХИВ. Вирусот ХИВ го слабее имунолошкиот систем поради што заразените се многу чувствителни на инфекции и болести.
Чен вели дека под „функционален лек“ подразбира дека количината на вирусот во телото е толку ниско што не може да се детектира, се додека луѓето не земат инјекција од антителото, на секои три месеци.
Луѓето заразени со ХИВ може да го држат вирусот под контрола со антиретровирусни лекови, кои спречуваат вирусот да зарази нови ќелии.
Меѓутоа, тие мораат да да се земаат секојдневно и не ги елиминираат веќе заразените ќелии од телото.
Според Ендру Чидги, директор на невладината хуманитарна организација АИДС Консрн од Хонгконг, лекот нема наскоро да биде достапен во јавнот бидејќи властите се бавни.
Чен и неговите соработници сакаат да изведат клинички истражувања на лекот и да оценуваат дека за тоа ќе им требаат три до пет години.