Кина од денеска почнува да спроведува масовна кампања за тестирање на Ковид-19 во градот Чингдао, во кој живеат околу девете милиони луѓе.
Масовното тестирање се спроведува откако беа регистрани шест лица заразени со новиот коронавирус, што предизвика страв од повторно ширење на епидемијата.
Според локалните здравствени власти тестирањето во шест квартови на Чингдао ќе се изврши во следните три дена, додека тестирањето на сите жители на градот ќе биде спроведено за пет дена.
Според нив се уште не е откриен изворот на зараза, а се претпоставува дека инфицираните се поврзани со болницата во која се лекуваат пациенти од Ковид-19.
Приморскиот град Чингдао е познат по пивото Тсингтао, според старата транскрипција на името на градот. Секоја година во Чингдао се одржува фестивал на пивото. И оваа година во август се одржа Фестивалот на пивото.