петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Кирби: Можно е следните денови по сто камиони со хуманитарна помош дневно да влезат во Појасот Газа

Кирби: Можно е следните денови по сто камиони со хуманитарна помош дневно да влезат во Појасот Газа

Белата куќа верува дека е можно во следните неколку дена 100 камиони со хуманитарна помош дневно да влезат во Појасот Газа, изјави портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Кирби.

Претседателот на САД, Џо Бајден пред два дена побара „значително и итно“ зголемување на протокот на помош за опколената палестинска територија.

Според податоците на ОН, акутниот недостиг на гориво во Појасот Газа веќе влијае на снабдувањето со вода на населението.