четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Киргистан: Атамбаев подготвувал државен удар

Киргистан: Атамбаев подготвувал државен удар

Поранешниот претседател на Киргистан, Алмазбек Атамбаев приведен на 8 август, подготвувал државен удар. Тоа го изјави шефот на киргистанскиот Државен комитет за национална безбедност Орозбек Опумбаев.

Според него, при операцијата за приведување на Атамбаев експретседателот употебил жени и деца да го штитат за да објави дека се повредени цивили.

– Атамбаев се подготвувал за соборуавње на властите, изјави тој.

Осомничен за корупција и со одземен имунитет, Атамбаев беше во резиденцијата во селото Кој-Таш близу Бишкек. Операцијата траеше речиси 24 часа со оглед на отпорот на приврзаници на Атамбаев кој ги отвфрла обвиненијата. За време на акцијата над 100 луѓе меѓу кои и полицајци побараа медицинска помош.