Киргистанскиот претседател Садир Жапаров денеска го ратификуваше договорот за воспоставување заеднички систем за противвоздушна одбрана со Русија, јавува Анадолија.
Според договорот, технологијата ќе стане составен дел на заедничкиот систем за противвоздушна одбрана на Заедницата на независни држави (ЗНД).
Бишкек ќе обезбеди парцела од пет хектари покрај руската воздухопловна база во градот Кант за поставување на потребната инфраструктура.
Страните го склучија договорот во Москва на 16 август 2022 година, а рускиот претседател Владимир Путин го потпиша законот на 29 мај годинава.
Претходно денеска, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, го поздрави договорот како „големо достигнување“.
ЗНД е сојуз на некои земји кои порано беа дел од Советскиот Сојуз, односно Ерменија, Азербејџан, Белорусија, Казахстан, Киргистан, Молдавија, Русија, Таџикистан, Туркменистан, Украина и Узбекистан.
Украина официјално не се повлече од алијансата, но не учествува во нејзината работа веќе неколку години.