Јапонскиот премиер Фумио Кишида денеска оцени дека убиството на Шинѕо Абе се случило поради несоодветно полициско обезбедување.
Абе, еден од највлијателните јапонски политичари, беше убиен минатиот петок во западна Јапонија, а фотографиите и видеата покажуваат дека напаѓачот успеал премногу да се доближи до поранешниот јапонски премиер.
Осомничениот беше уапсен на лице место и задржан на сослушување, а според извештаите на полицијата и медиумите тој им рекол на истражителите дека е убеден оти Абе бил поврзан со религиозната група која му наштетила и оти затоа го убил.