По само неколку часа починала 15 годишната Наташа Еднан – Лаперуз, откако изела сендвич на аеродромот во Лондон, додека патувала кон Ница.
Денеска почна судскиот процес во кој таткото на девојчето, милионерот Надим Еднан – Лаперуз ја тужи компанијата за сендвичи за убиство на неговата ќерка. Тој веднаш на девојчето и дал две инекции, бидејќи била алергична на сусам, но немало помош.
Таткото, милионер и основач на фабрикатаз а играчки Wow Toys, тврди дека компанијата за сендвичи не ставила етикета на лебот дека има во него сусам, бидејќи на површината на сендвичот немало семки.
Од компанијата Pret a Manger, позната во Британија по синџирот продавници за брза храна велат дека девојчето требало да праша кога го купувала сендвичот дали во него има сусам . Тие велат дека не ставаат етикети на секој производ за содржината во него, туку дека има заедничка декларација на полиците пред производите.
Девојчето во 2016-та починало во болницата во Ница од алергиски шок поради силна алергија на сусам, а денеска почна судскиот процес во Лондон.