вторник, 21. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Кличко: Доколку Русите целосно го опколат Киев, можеме да издржиме недела до две

Кличко: Доколку Русите целосно го опколат Киев, можеме да издржиме недела до две

Градоначалникот на Киев Виталиј Кличко во разговор за СИ-ЕН-ЕН ги повика Украинците да ја „одбранат иднината“ во борбата против желбата на рускиот претседател Владимир Путин „повторно да го изгради руското царство“.

Тој додаде дека „Киев има доволно ресурси за една до две недели, доколку руската војска успее целосно да го опколи“.

-Им порачувам на луѓето дека никогаш нема да се откажеме. Ова е наша земја, наш град, наше семејство. Ја браниме иднината, рекол Кличко.

-Руската причина за оваа војна е безсмислена. Причината за која Путин ја сака оваа војна, е затоа што сакаме да бидеме демократска земја, а Путин повторно сака да го изгради руското царство. Без Украина тешко му е тоа да го постигне.. Негов сон е повторно да го изгради Советскиот Сојуз. Бевме во СССР и не сакаме да се вратиме во него, порача Кличко.