среда, 27. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Кличко го откажа продолжениот полициски час во Киев

Кличко го откажа продолжениот полициски час во Киев

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко го откажа продолжениот полициски час планиран за главниот град.

-Полицискиот час ќе остане вообичаен – од 20 до 7 часот. В недела попладне ќе биде можно движење низ главниот град и регионот, рече Кличко.

Претходно тој најави дека ќе има продолжен полициски час. „Воената команда одлучи да го продолжи полицискиот час. Тој ќе трае од вечерва во 20 часот до понеделник до 7 часот наутро“, напиша претходно Кличко на социјалната мрежа Телеграм.  (МИА)