Приносите од пченицата би можеле да се намалат за седум отсто за секој степен Целзиусов на глобалното затоплување, предупредија експертите од Иницијатива за пченицата (Wheat Initiative).
– Намалената достапност на вода веќе значително ги погодува регионите што се наводнуваат, а се очекува проблемот дополнително да се влоши со намаленото ниво на подземните води и врнежите, се наведува во стратешкиот документ на Иницијативата.
Исто така се посочува дека најверојатно ќе се зголеми и притисокот за забрана на употреба на вештачките ѓубрива и пестициди, со цел да се намали загадувањето на животната средина.
Како приоритети на Иницијативата се наведуваат истражувањата за подобрување на генетската разновидност и разбирање на биологијата на корените и почвата.
Во изработката на документот учествуваа агрономи, влади и компании за одгледување на растенија. Иницијативата во 2020 година имаше околу 770 истражувачки проекти поврзани со пченицата само во Австралија, Канада, Кина, Шпанија и САД.
Речиси една четвртина од произведената пченица се пласира на светските берзи, за разлика од оризот, кој главно се троши во земји-производителите.
Иницијативата за пченица е формирана во 2011 година и ги поврзува истражувачите од целиот свет со цел да се подобри снабдувањето со храна.