Поранешната сопруга на Доналд Трамп, Ивана Трамп, почина на 73-годишна возраст, соопшти семејството.
Таа беше првата сопруга на Доналд, со кого заедно имаат три деца: Доналд Џуниор, Иванка и Ерик Трамп.
– Нашата мајка беше неверојатна жена. Силнаво работа, спортист од светска класа, прекрасна убавица и грижлива мајка и пријателка, се вели во соопштението на семејството Трамп.
-Таа побегна од комунизмот и ја прегрна оваа земја. Таа ги научи своите деца на решителност и цврстина, сочувство и одлучност, велат од семејството.
Ивана е родена во Чехословачка, а се омажила за Трамп во 1977 година. Тие беа во брак до 1992 година.
BREAKING: Ivana Trump, Donald Trump's first wife and mother of his three eldest children, has died.
RIP 🙏🏻
— Benny Johnson (@bennyjohnson) July 14, 2022